Роден е во 1886 година, во Охрид. Во 1902 година влегува во ВМОРО. При крајот од годината е уапсен е и измачуван, а пролетта 1903 година е амнестира. За време на Илинденското востание е четник, а по востанието заминува на гурбет во Романија. Кон крајот на 1904 година се присоединува како четник во четата на војводата Иван Алјабакот, со која делува во Велешко. За време на Хуриетот бил војвода во Ѓавато, Битолско. Потоа, како војвода во Охридско, учествувал во борбите против српската војска за време на Балканските војни.
Решителен и храбар до безумие, Н.Јосифов многу ранети четници на грб ги носел и извлекувал од смртта.
По Првата светска војна живеел во Бугарија, но оттаму со чета, неколку пати навлегол во Охридско.
Во 1923 година е војвода во Охридско. На 18 јули 1925 година неговата чета води голема борба со српската жандармерија. По убиството на А.Протогеров во 1928 година мнува на странта на протогеровистите, но во 1930 година минува на страната на И.Михајлов.
Во 1946 година е уапсен од новата комунистичка власт во Охрид и еосуден на смрт. Покасно пресудата е преиначена во доживотен затвор. |